25/02/2022
Оваа атрактивна декоративна билка е една од најпознатите канцелариски растенија. Спаѓа во групата на најдобри природни прочистувачи на воздухот во затворени простории…
Постојат безброј растенија кои се присутни скоро во секој дом, меѓутоа на многу од нив не им ги знаеме ни имињата, а да не спомнуваме за нивно правилно одгледување. Спатифилумот (лат. Spathiphyllum) e такво растение, за кое се верува дека носи среќа во домот. Уште е познато и како „женска среќа“, бидејќи се верува дека ова растение е одговорно за благосостојбата на жената.
Ако на невенчана девојка й подарете спатифилум, таа за многу кратко време ќе се омажи. Ако го подарете на мажена жена, тогаш таа ќе добие дете.
Всушност, сите собни растенија симболизираат нешто специфично – некои симболизираат среќа во бракот, други – пари, трети – здравје, успех и така натаму. Но, зошто баш спатифилумот се смета за женски покровител?
Од дамнина жените ја забележале позитивната енергија што ја шири спатифилумот во домот, поготово во љубовниот живот. Девојките си пронаоѓале свој избраник, девојките во врска набрзо добивале понуда за брак, а мажените жени имале среќен брачен живот.
Денес, “женската среќа“ е едно од најраспространетите растенија и најомилен подарок за понежниот пол.
Ако сакате ова собно растение да го промени вашиот живот, треба искрено да го сакате, да се грижите за неа, да ја прихранувате и ќе се уверите дека легендите за „женската среќа“ се вистинити!
Поради своите отмени бели цветови (слични на кала), кои доминираат над темно зелените листови, спатифилумот спаѓа во редот на најпопуларни украсни растенија кои го збогатуваат просторот со својата убавина.
Спатифилумот припаѓа на фамилијата Araceae. Родот вклучува околу 40 видови на растенија чиј ареал се влажните тропски области на Централна и Јужна Америка и Југоисточна Азија, каде растат во сенка на огромните дрвја.
Името го добил од грчкиот збор spathe – лист на врв и phyllon – лист, поради големиот заштитен лист што го опкружува цветот.
Ова атрактивно декоративно растение е едно од најпознатите канцелариски растенија. Припаѓа на најдобрите природни, растителни прочистувачи на воздухот во просториите. Ги неутрализира отровните гасови како јаглерод моноксид и формалдехид, ја апсорбира електростатичната енергија што ја емитираат техничките уреди и ја претвора во хемиска енергија што ја користат за нејзиниот раст и развој и затоа е многу пожелно растение во домот и канцеларијата.