02/09/2026
📚 БЕСПЛАТНИ КНИГИ НИЗ СКОПЈЕ?!
Да, добро прочитавте!
На пет локации низ градот ве чекаат нашите мини библиотеки под отворено небо. Изберете книга, прочитајте ја и вратете ја за истата приказна да продолжи да патува до следниот читател. ❤️
📍 Средно Водно
📍 Градски парк – кај „Номад кафе“
📍 Парк Македонија – спроти „Веро“, Тафталиџе
📍 Паркот во Ѓорче Петров – кај фонтаната
📍 Парк „Авионче“ – Аеродром
Во моментов правиме систем во кој ги вклучуваме сите читатели за полесно менаџирање со библиотеките, наскоро објавуваме детали.
Правилото е едноставно:
Земи. Прочитај. Врати. Сподели. И чувај! 📖
Населбите што совесно ќе ги чуваат библиотеките и ќе ги враќаат книгите, периодично ќе добиваат нови наслови од „Сакам Книги“.
Ова е наша заедничка приказна и мал тест колку умееме да споделуваме, да се грижиме и да оставиме нешто убаво за оној што доаѓа по нас.
А вие, на која од петте локации прво ќе побарате книга? 👇
Проектот „Со љубов, од Европа“ е поддржан од програмата „Креативна Европа“, во соработка со Град Скопје, Општина Ѓорче Петров и Општина Аеродром.