Уште од далечната 1986 година, кога започна приказната за Џамбо, ние сме тука да подариме насмевка. Таа приказна трае се до денес, кога таа насмевка е попотребна од било кога. Тоа е визијата на Џамбо.
Наша основна цел и понатаму останува да се одржи и дополнително зајакне водечката позиција на Џамбо но и да продолжи да се афирмира во малопродажба на играчки, предмети за развој на новороденчиња,
подароци, канцелариски и други сродни предмети.
Денес, по цели 30 години, Џамбо е синоним за квалитет и доверба во срцата на сите купувачи, од најмладите до оние највозрасните. Тоа го овозможивме преку широката понуда на квалитетни и разновидни артикли по конкурентни цени.
Нашата филозофија останува иста, а нашите приоритети се следниве:
- Проширување и подобрување на продажната мрежа;
- Зголемување на разновидноста на нашите производи и следење на трендовите на пазарот;
- Подобра услуга за нашите клиенти;
- Одржување на конкурентни цени на производите.