Riso Scotti Makedonija

Riso Scotti Makedonija Riso Scotti - Органски напитоци од ориз, овес и бадем.
100% органско потекло
0% лактоза
0% глутен
0% холестерол
Без додадени шеќери
Без конзерванси

Обработка на ориз, страст на 6 генерации на фамилијата Скоти.
Основана 1860 година, Riso Scotii повеќе од 150 години посветено работи на обработка на ориз и создава врвни високо квалитетни производи. Свесни за проблемот со кој се среќава 1/3 од светското население, а тоа е нетолерантноста на лактоза и глутен, Riso Scotti создаде органски напитоци со кои овој проблем лесно се надминува. Насочени кон здравиот начин на исхрана создадоа целосно органски напитоци, без лактоза, без глутен, без холестерол, без додадени шеќери и без конзерванси обезбедувајќи му благосостојба на вашиот организам. Напитоците се достапни во повеќе вкусови:
- напиток од ориз
- напиток од ориз со калциум
- напиток од ориз и кокос
- напиток од овес со калциум
- напиток од ориз и какао
- напиток од бадем без шеќер
Грижете се за вашето здравје и водете здрав начин на живот со Riso Scotti!

Happy Valentine's Day! 💙
14/02/2022

Happy Valentine's Day! 💙

Комплетен здрав и превкусен оброк за енергичен почеток на денот. ☀️Чиа пудинг подготвен со Riso Scotti напиток од ориз, ...
12/02/2022

Комплетен здрав и превкусен оброк за енергичен почеток на денот. ☀️

Чиа пудинг подготвен со Riso Scotti напиток од ориз, лажица мед, праска, кокос, гранола и путер од јаткасти плодови. 😍

Вкусни навики за здраво живеење! 🌱

Ако не знаете што да зготвите денес за ручек, ние го имаме решението.Нашето ризото со пармезан е идеално како ручек само...
08/02/2022

Ако не знаете што да зготвите денес за ручек, ние го имаме решението.

Нашето ризото со пармезан е идеално како ручек само по себе, но исто така може да го користите и како феноменален кремаст прилог.

Се подготвува за 12 минути, содржи 2 порции, не содржи глутен и е направен од најдобриот ориз, карнароли.

Највкусниот Riso Scotti напиток од ориз со какао ќе ве освои уште на првата голтка!Тој е толку универзален што може да с...
03/02/2022

Највкусниот Riso Scotti напиток од ориз со какао ќе ве освои уште на првата голтка!

Тој е толку универзален што може да се користи топол со житарици, ладен како освежувачки напиток или да биде дел од вашите креативни рецепти.

• ниска масленост
• органски
• без лактоза
• без глутен
• веган

Вкусни навики за здраво живеење! 🌱

Време е за здраво ризото ала капрезе! 🍅🌱Состојки:• 475мл зеленчукова супа• 475мл доматен сос• 2 лажици путер• 1 чешне ис...
31/01/2022

Време е за здраво ризото ала капрезе! 🍅🌱

Состојки:
• 475мл зеленчукова супа
• 475мл доматен сос
• 2 лажици путер
• 1 чешне испасиран лук
• 200г Riso Scotti интегрален ориз
• 120мл бело вино
• 45г рендан пармезан
• 15г исецкан босилок
• 200г моцарела

Во големо тавче ставете ја супата и доматниот сос и доведете ја до точка на зовривање, а потоа намалете го огнот на тивко за да ја одржува топлината.

Во друго тавче растопете го путерот, додадете го лукот и гответе 1 минута додека не омекне лукот.

Додадете го Riso Scotti интегралниот ориз и гответе уште 1 минута додека не стае сјаен.

Полијте го оризот со виното и гответе 3-4 минути додека не ја апсорбира цела течност.

Потоа додадете 120мл од супата со доматите, мешајте континуирано 4-6 минути на средна температура додека не се апсорбира течноста.

Повторувајте го овој чекор додека не ја потрошите доматната супа.

Целиот процес треба да ви одземе 30-35 минути и ризотото да биде кремасто, но не течно.

За крај додадете го пармезанот, моцарелата и босилокот, измешајте убаво и сервирајте веднаш!

Овој здрав и кремаст мача чиа пудинг со кокос е полн со хранливи влакна и здрави масти, и ќе бидете заситени цело утро. ...
27/01/2022

Овој здрав и кремаст мача чиа пудинг со кокос е полн со хранливи влакна и здрави масти, и ќе бидете заситени цело утро. 🥥

Состојки:
• 45г чиа
• 360мл Riso Scotti напиток од ориз со кокос
• 2 лажички мача (зелен чај во прав)
• ½ лажица јаворов сируп/мед/агаве
• ½ лажичка екстракт од ванила
• кокос

Во шолја ставете ја чиата и напитокот од ориз со кокос и убаво промешајте.

Во мал длабок сад ставете ја мачата, малку топла вода и мешајте додека не стане кремаста.

Ставете ја мачата, јаворовиот сируп и ванилата во чиа пудингот,промешајте и ставете ја во ладилник да преноќи или минимум 2-3 часа.

Декорирајте со нане и кокос.

Нова година, истиот премиум ориз, но во ново пакување.На новото пакување можете да прочитате за одржливоста и за нашето ...
24/01/2022

Нова година, истиот премиум ориз, но во ново пакување.

На новото пакување можете да прочитате за одржливоста и за нашето пакување кое е од минимум 80% рециклирачки материјал, историјата на Riso Scotti и секако рецепт на врвот на пакувањето. 🙂

Нашиот Riso Scotti златен италијански ориз доаѓа во вакумирано пакување и е подготвен за 12 минути!

Неговата специјалност е дека е полуподготвен, тоа значи дека неговата текстура е подобрена и не станува леплив за разлика од обичниот бел ориз.

И да го заборавите и го варите повеќе отколку што треба, тој нема да се превари или распадне.🙂

Златниот ориз може да го користите за рижота, салати и секакви полнења. 🍚

И секако не содржи алергени.

Започнете го денот со енергично смути со само 3 состојки. Riso Scotti напиток од бадем, сок од калинка и лажица мед. Чаш...
20/01/2022

Започнете го денот со енергично смути со само 3 состојки.

Riso Scotti напиток од бадем, сок од калинка и лажица мед.

Чаша полна витамини, протеини и здрави масти.

Пилешко во кари и долгозрнестиот ориз на Riso Scotti се незаменлива комбинација.Riso Scotti долгозрнестиот ориз е спакув...
17/01/2022

Пилешко во кари и долгозрнестиот ориз на Riso Scotti се незаменлива комбинација.

Riso Scotti долгозрнестиот ориз е спакуван во ќесички од 125г кои се подготвени за 14-15 минути.

Брзо, едноставно, вкусно! 🍚

Indirizzo

Via Angelo Scotti, 2
Pavia

Orario di apertura

Lunedì 08:00 - 13:00
18:00 - 18:00
Martedì 08:00 - 13:00
14:00 - 18:00
Mercoledì 08:00 - 13:00
14:00 - 18:00
Giovedì 08:00 - 13:00
14:00 - 18:00
Venerdì 08:00 - 13:00
14:00 - 18:00

Telefono

+3903825081

Notifiche

Lasciando la tua email puoi essere il primo a sapere quando Riso Scotti Makedonija pubblica notizie e promozioni. Il tuo indirizzo email non verrà utilizzato per nessun altro scopo e potrai annullare l'iscrizione in qualsiasi momento.

Contatta L'azienda

Invia un messaggio a Riso Scotti Makedonija:

Scelte rapide

Condividi