05/03/2026
Овој настан беше и завршен дел од проектот "Од остатоци до вредност- КОРА", каде што преку креативност, соработка и хуманост покажавме како од нешто мало може да се создаде вистинска вредност за заедницата.
Среќни сме што идејата се реализираше и што толку многу луѓе се вклучија со срце. Штандот на Infinity Divine и КОРА во целост ги донираше средствата за малиот Леон, а и сите учесници дадоа свој придонес, на што сме особено благодарни. Денес средствата се уплатени на сметката за Леон.
Благодарни сме за добрината, поддршката и убавата енергија што се почувствува вчера.
Од срце му посакуваме на малиот Леон сила, напредок и што побрзо да се радува на безгрижно детство. 🤍
InoYouth-Innovation and Youth com
www.facebook.com/PIN northmacedonia/ 🇲🇰, 🇲🇰, #КружнаЕкономија or #ЦиркуларнаЕкономија