Хидромак 2000 е трговска компанија чија дејност е продажба на големо и мало на сите материјали и опрема за уредување на вашите бањи. Широкиот асортиман на производи се состои од водоводни и канализациони материјали, мебел за бањи и туш кабини изработени согласно вашите потреби, батерии и секаков вид на опрема која е потребна за вашата бања. Производите од познатите брендови кои се присутни на светскиот пазар истакнувајќи се со својот препознатлив квалитет и дизајн, со Хидромак 2000 стануваат блиски и до вас.
Хидромак 2000 започна со работа од 2000 година. Во текот на сите овие години стекнува репутација на компанија која ги обединува квалитетот на производите и услугите кои ги нудиме на потрошувачите и довербата која ни ја укажуваат тие. Тимот на вработени во Хидромак 2000 со своите најдобри идеи ќе бидат водич во уредувањето на вашата бања.
Нашите продажни места се лоцирани во Скопје.