16/09/2024
Едно од најчестите прашања кои ги добиваме е дали имаме производи за намалување на пори.. Нашиот одговор е дека немаме бидејќи порите не можат да се намалат.
Колку и да звучи разочарувачки, големината на порите е предодреден генетски фактор. Нешто што можете да го направите е да ги одржувате здрави и чисти, а со тоа ќе изгледаат визуелно помали.
Негата на кожата и производството на себум директно влијае на состојбата на порите. Порите кои се полни со себум и нечистотии најчесто изгледаат поголеми од тоа што се, затоа е толку важна редовната рутина за нега на кожата и редовната ексфолијација.
Поради тоа, SKIN1004 ја формулираше Poremizing линијата која се состои од повеќе производи, но како клучни би ги издвоиле:
💖 SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Fresh Ampoule
💖 SKIN1004 Madagascar Centella Poremizing Clear Toner
Клучната состојка на овие производи е розовата хималајска сол која го контролира лачењето на себум, ги отстранува мртвите клетки и нечистотиите од порите и има антибактериски и антивоспалителни својства.
Дали имате пробано некој од производите од Poremizing линијата? ☺️
Производите се веднаш достапни за нарачка на нашата веб страна www.skinaholics.mk 💗