🐘 За Акаизо
Акаизо, или во превод Red Elephant, е името кое го избравме за нашиот бренд. Името, само по себе, е несекојдневно и уникатно, и одлично ја отсликува нашата желба да понудиме токму нешто несекојдневно и уникатно на македонскиот пазар од светската, посебно од корејската и јапонската козметика.
Брендовите кои ги застапуваме нудат производи со безбедни, природни и органски состојки. Бренд
ови кои, пред се’, се залагаат против тестирање врз животни и грижа за животната средина. А, производите се внимателно одбрани од нас, со многу љубов и внимание.
🙌За нас
Симона, мајка на две, и Елена, мајка на две, милуваат да кажат дека Акаизо им е трето дете. Идејата за Акаизо се роди во време на пандемија. Скинкерот, првенствено како хоби и грижа за себе, прерасна во опсесија, за на крај да кулминира со започнување на мал бизнис кој е воден со голема страст и многу ентузијазам.
❤️Нашата мисија
Акаизо има за цел да ја редефинира женската убавина, да ја промовира женската самодоверба и да и даде можност на жената да се чувствува удобно во својата кожа. Бидете SKINPROUD!