15/03/2020
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ!
Почитувани пријатели,
Би сакале да ве информираме за нашата одлука околу одложените концерти на BOND, Жељко Бебек и Електрични Оргазам, кои требаше да се одржат кон крајот на месец март.
1. Сите три концертни проекти се презакажани, а датумите ќе ги објавиме после 24-ти март, кога ќе биде познато во кој правец ќе се движи состојбата и кога ќе заврши Забраната за прекин на организирани јавни настани што ја донесе Владата.
2. Avalon Music & Ticket store нема да работи до 24-ти март, додека трае препораката донесена од Владата.
3. Сите оние што имаат купено влезници за концертите на BOND, Жељко Бебек и Електрични Оргазам, истите ќе им бидат важечки и за новите датуми. Оние што нема да можат да присуствуваат на концертите, ќе можат да направат рефундација од продажните места од каде што ги имаат купено влезниците, од 26-ти март.
Дотогаш, да бидеме сите одговорни! Останете дома, слушајте ги препораките од надлежните и бидете безбедни!
Ваша,
Авалон Продукција