21/02/2026
ПРИКАЗНИ ЗА ЉУБОВТА
ЕМИЛИЈА ПАРДО БАСАН
Емилија Пардо Басан ни нуди четириесет и три извонредно раскажани приказни за љубовта, кои се исто толку актуелни и денес како во времето кога се напишани, затоа што на нејзините литературен талент и имагинација им се придружуваат и една суптилна чувствителност, големо познавање на човечкото битие и незапирливата желба да ги разоткрие сите страсти, слабости и рационални сопнувања со кои се плете и расплетува клопчето на неговата судбина.
Во овие прикази на љубовта се чуствува политичката тензија на Шпанија од крајот на деветнаесеттиот век меѓу традиционализмот и либерализмот. Трагикомични и романтични, сатирично-бурлескни и намерно скромни, еднаш полни со лукавство и злоба, а другпат исполнети со надеж и невиност, тие ја прикажуваат моралната декаденција на една рурална аристократија изолирана од реалноста.
Бидејќи сите сакаме и треба да знаеме како да сакаме, овие раскази, кои не се ништо друго освен описи на различни типови љубов или недостиг на љубов, се вистински подарок за секого.
21 февруари 2026