Издавачки центар ТРИ

Call Directions Website Contact the business

Издавачки центар ТРИ Издавачки центар ТРИ | www.kniga.mk | Книжарници ТРИ

Му честитаме на Дејан Колевски, кој успешно го заврши читателскиот предизвик за летово и со пополнетиот читателски пасош...
06/09/2026

Му честитаме на Дејан Колевски, кој успешно го заврши читателскиот предизвик за летово и со пополнетиот читателски пасош во октомври ќе патува во Тоскана!

Им честитаме и на другите добитници! Слободанка Јаневска ќе добива бесплатни нови изданија на ТРИ и на Паблишер во текот на целата година, а Ива Пејовска, Мартин Наумоски и Теа Мицевска добија ваучери за уште книги!

Ви благодариме на сите кои ја направивте фестивалската сезона поубава, поуспешна и полна со нови книги за читање!

Првата половина на септември ги буди најнежните спомени од детството со почетокот на новата школска година. Почетоци кои...
05/09/2026

Првата половина на септември ги буди најнежните спомени од детството со почетокот на новата школска година. Почетоци кои се чини дека ќе траат засекогаш, а всушност – зошто да не? Разбуди го детето во себе и дозволи му на септември да те понесе со својата магија, та посакај ѝ ведро добредојде на есента што е на прагот.

КАКО ДА ГО ЧИТАШ ЈУ НЕСБЕ АКО СЕГА ГО ОТКРИВАШ, ИЛИ АКО СИ МУ ФАН Ју Несбе, најуспешниот норвешки писател со најпродаван...
04/09/2026

КАКО ДА ГО ЧИТАШ ЈУ НЕСБЕ АКО СЕГА ГО ОТКРИВАШ, ИЛИ АКО СИ МУ ФАН

Ју Несбе, најуспешниот норвешки писател со најпродавани тиражи, е меѓу омилените крими-автори во светот. Големиот интерес за неговите дела и на македонски јазик се гледа во тоа што дел од книгите кои ги имаме издадено се целосно потрошени, а повеќето доживеаја нови изданија.

Како вистински мајстор за градење на крими-приказната со психолошки набој, неговиот серијал со протагонистот Хари Хуле е еден од водечките во актуелните текови на детективскиот жанр. Покрај тоа, Несбе објавува и други романи кои може да се читаат независно од серијалот, а има и серија книги за деца со доктор Проктор.

Додека го очекуваме од печатница најновиот превод на неговиот роман „Крвни врски“, ви подготвивме водич за читање на Несбе, доколку сега го откривате и доколку сакате да го прочитате пропуштеното.

Книгите се достапни во сите наши книжарници и онлајн на https://kniga.mk/c/398/avtori/ju-nesbe!

04/09/2026

ШКОЛСКИ ПРИБОР + ПОДАРОК

Во книжарниците на ТРИ и онлајн на kniga.mk те очекува сиот прибор што ти е потребен за да зачекориш подготвено во новата учебна година!

Освен попустот од 15 % на ЦЕЛАТА понуда, за секоја сметка од 1.500 денари добиваш подарок кој може да биде книга, постер, торбичка и плус стикери. Изборот е твој!

Те очекуваме!

ВОЗБУДЛИВИ НАСЛОВИ ШТО ЌЕ ГИ ЧИТАМЕ ЕСЕНВА  Денес засвежи, есента веќе ни тропка на врата. Тоа може да значи само едно –...
03/09/2026

ВОЗБУДЛИВИ НАСЛОВИ ШТО ЌЕ ГИ ЧИТАМЕ ЕСЕНВА

Денес засвежи, есента веќе ни тропка на врата. Тоа може да значи само едно – книга и ќебенце со шолја чај во рака. Кој од насловите што ќе ги читаме наскоро ви се чини најпривлечен? Прочитајте повеќе за секоја од книгите на линкот 👇

Денес засвежи, есента веќе ни тропка на врата. Тоа може да значи само едно – книга и ќебенце со шолја чај во рака. Кој од насловите што ќе ги читаме наскоро ви се чини ...

„ГАЛИМАР“ ГО ОБЈАВИ РОМАНОТ „ТОНИ“ НА РУМЕНА БУЖАРОВСКАУгледната француска издавачка куќа „Галимар“ денес го објави први...
03/09/2026

„ГАЛИМАР“ ГО ОБЈАВИ РОМАНОТ „ТОНИ“ НА РУМЕНА БУЖАРОВСКА

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ денес го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“ во превод на Клое Бијон.

По збирките раскази „Мојот маж“ (2022) и „Не одам никаде“ (2025), ова е трето дело на Бужаровска што е препознаено и објавено од „Галимар“, издавачка куќа основана во 1911 г., во Париз, која се вбројува меѓу најпрестижните и најетаблираните во светот како издавач на квалитетна европска литература.

Радиото „Франс култур“ ја опиша Бужаровска како писателка која ги „крши сите табуа со беспоштеден хумор“.

Годинава „Тони“ беше преведен и објавен и на шпански јазик од издавачката куќа „Едиторијал импедимента“ од Мадрид, по што шпанската критика се огласи со неколку рецензии. Во една од нив критичарот Цезар Суарез вели дека со „Тони“, Бужаровска претставува искривено огледало и за мажите и за жените. Притоа, тој го споредува книжевниот лик Тони со Хамберт Хамберт во „Лолита“, со Том Рипли од Патриша Хајсмит и со Патрик Бејтман од „Американски психопат“.

Напишан на жив, остар и современ јазик, во препознатливиот горчлив и истовремено духовит стил на Бужаровска, „Тони“ е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално комичен, но и длабоко трагичен, се чита во еден здив. Тој е роман што ќе ве удри од земја и ќе ве натера да ги преиспитате општествените, романтичните и семејните односи од нашето секојдневие.

Романот во Македонија излезе од печат во 2024 година и веднаш потоа ги освои и читателите во Србија („Бука“, 2025), Хрватска („Фрактура“, 2025), Црна Гора („Нова књига“, 2025) и Босна и Херцеговина („Бука“, 2025). Претстојниот октомври ќе излезе од печат и во Албанија, а во текот на следната година романот ќе биде објавен и во Португалија, во САД и во Грција.

„Тони“ на македонски јазик досега доживеа четири изданија. Романот е достапен во сите книжарници на ТРИ и онлајн на https://kniga.mk/p/9900/toni.

ШКОЛСКИ СЕТ ЗА НОВА УЧИЛИШНА АВАНТУРА Веќе ѕвони за третиот училиштен ден, но дали ги имаме сите потребни материјали за ...
03/09/2026

ШКОЛСКИ СЕТ ЗА НОВА УЧИЛИШНА АВАНТУРА

Веќе ѕвони за третиот училиштен ден, но дали ги имаме сите потребни материјали за успешен почеток на учебната година?

Ако ги немаш, искористи го попустот од 15 % на сите производи од нашата училишна програма и притоа добиј подарок: книга по избор, постер или стикери.

Во овој предлог-сет ти претставуваме ранец направен од рециклирана пластика кој чека да ја почне својата втора приказна, комплет несесер + дрвени боички, фломастери, лепило, четкички, пластелин...

Побарај ги во нашите книжарници или онлајн на kniga.mk!

КОГА ЧЕТИВОТО ПРЕД ТЕБЕ Е ПОИНТЕРЕСНО ОД РИЛОТГо знаеш чувството кога во рацете имаш книга што не сакаш да ја оставиш ду...
02/09/2026

КОГА ЧЕТИВОТО ПРЕД ТЕБЕ Е ПОИНТЕРЕСНО ОД РИЛОТ

Го знаеш чувството кога во рацете имаш книга што не сакаш да ја оставиш дури ни кога јадеш? Тоа е моќта на добро исплетената приказна која во ниту еден момент не забавува, туку те држи во неизвесност. Прочитај повеќе за ваквите книги во наш избор, можеби ќе ја пронајдеш својата септемвриска сопатничка!

Сите книги се достапни во книжарниците на ТРИ и во нашата онлајн книжарница на kniga.mk!

ШКОЛСКИ СЕТ НАПРАВЕН ОД РЕЦИКЛИРАНИ ШИШИЊАБиди кул со ранец, несесер и тетратка во тон, но биди уште покул со овој учили...
02/09/2026

ШКОЛСКИ СЕТ НАПРАВЕН ОД РЕЦИКЛИРАНИ ШИШИЊА

Биди кул со ранец, несесер и тетратка во тон, но биди уште покул со овој училиштен прибор направен од рециклирана пластика!

Во новата учебна година тргни со ранец кој добил втора шанса и поведи го во уште една заедничка авантура. Нека учењето оди лесно, а другарувањето уште полесно!

Сетот „Love. Enjoy“ можеш да го најдеш во книжарниците на ТРИ и онлајн на kniga.mk.

ЗАВЛАДЕЈТЕ СО СЕБЕСИ! Нашиот избор на три книги за личен развој почнува со „Речник на говорот на телото“, бидејќи она шт...
01/09/2026

ЗАВЛАДЕЈТЕ СО СЕБЕСИ!

Нашиот избор на три книги за личен развој почнува со „Речник на говорот на телото“, бидејќи она што зборовите понекогаш го прикриваат, гестовите го откриваат. Кога не сте сигурни дали му се допаѓате некому, обрнете внимание на говорот на неговото тело – тој честопати зборува погласно од зборовите. Оваа фасцинантна книга е практичен водич за брзо читање на луѓето според нивните изрази и гестови, кој може да ви послужи во сите околности, од деловните средини до романтичните врски.

„Завладејте со својот фокус“ објаснува зошто фокусот е толку моќен. Всушност, тој функционира како секира. Ако се обидете да сечете дрво удирајќи го на илјадници различни места, никогаш нема да успеете. Но ако се фокусирате и удирате постојано на исто место, можете да го пресечете дури и најголемото дрво. Со остар фокус, можете да постигнете речиси сè што посакувате.

Повеќето проблеми со кои се соочуваме не се поврзани со ситуации, туку со личности. Без разлика дали станува збор за родител, брат, сестра, колега или друга блиска личност, секогаш може да настане проблем во разбирањето, што е и нормално. Но невообичаено е што луѓето не се трудат да ја разберат причината што ги поттикнува така да дејствуваат.

„Размислувајте како психолог“ ви ги нуди алатките за едноставно и лесно разбирање на луѓето. Дешифрирајте ги нивните однесувања и унапредете ги своите цели – висока самодоверба и саморазбирање, подобри врски и поисполнет живот без непотребни недоразбирања и падови.

Сите книги се достапни во нашите книжарници и онлајн на kniga.mk!

Address

Orce Nikolov 93/1
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 21:00
Tuesday 09:00 - 21:00
Wednesday 09:00 - 21:00
Thursday 09:00 - 21:00
Friday 09:00 - 21:00
Saturday 09:00 - 21:00
Sunday 09:00 - 17:00

Telephone

+38923245622

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Издавачки центар ТРИ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Издавачки центар ТРИ:

Shortcuts

Share

Category