Книгоиздателството „Мартина“ постои од 1991 година и негов основач е Стефо Јаневски.
Во текот на своето постоење, оваа куќа има издадено неколку стотини дела, со кои, секако, придонесува за одржување во живот на убавата мисла и на пишаниот збор. И покрај овој нејзин придонес, нејзината мисија не запира тука. Таа и понатаму продолжува да се залага за остварување на своите цели, за кои, всушност, и е основана – збогатување на македонската ризница со исклучително вредни дела што треба да бидат неизбежен дел од секоја библиотека, промоција како на традиционалните така и на модерните стилови во литературата, поттикнување на навиката за читање со наслови привлечни за сечиј вкус и, за крај, сето ова за многу ниски цени, ако не и најниските во македонското книгоиздателство.
„Мартина“ ги остварува своите цели со тоа што нуди широка палета на тематски подрачја, меѓу кои: белетристика, здрав живот, политика, езотерија, психологија, детска литература и сл. Со ова, всушност, се потврдува фактот дека оваа издавачка куќа изобилува со мошне богат избор за љубителите на книгата.