Bellina

Bellina Парфеми и природна и органска козметика од врвен квалитет по достапни цени! Дознајте повеќе за нас и нашите производи на: www.bellina.mk
(518)

☀️ Нежната детска и бебешка кожа бара сигурна и моќна заштита секогаш кога е изложена на сонце.🧡 Млекото за лице и тело ...
12/08/2026

☀️ Нежната детска и бебешка кожа бара сигурна и моќна заштита секогаш кога е изложена на сонце.

🧡 Млекото за лице и тело за бебиња и деца со 𝐒𝐏𝐅 𝟓𝟎+ од 𝐁𝐢𝐨𝐬𝐨𝐥𝐢𝐬 обезбедува висока заштита од 𝐔𝐕𝐀 и 𝐔𝐕𝐁 зраците благодарение на 100% минералните филтри. Формулата е без парфем, лесно се нанесува, не е леплива и е збогатена со алое вера, цинк и масло од репка, кои придонесуваат кожата да остане негувана и заштитена. 🌿

За најдобра заштита, нанеси доволна количина пред изложување на сонце и обновувај ја редовно, особено по капење, бришење со пешкир или подолго престојување на сонце. 💛

https://bellina.mk/prodavnica/bebinja-i-deca/nega-za-soncanje-bebinja-i-deca/mleko-za-lice-i-telo-za-bebinja-i-deca-so-spf-50/

Кератински филер, маска и масло за оштетена коса 𝐈𝐜𝐞 𝐏𝐫𝐨𝐟𝐞𝐬𝐬𝐢𝐨𝐧𝐚𝐥 од 𝐍𝐚𝐭𝐮𝐫𝐚 𝐒𝐢𝐛𝐞𝐫𝐢𝐜𝐚! 🩷 🔔 Сега и на АКЦИЈА!Добро ни е по...
10/08/2026

Кератински филер, маска и масло за оштетена коса 𝐈𝐜𝐞 𝐏𝐫𝐨𝐟𝐞𝐬𝐬𝐢𝐨𝐧𝐚𝐥 од 𝐍𝐚𝐭𝐮𝐫𝐚 𝐒𝐢𝐛𝐞𝐫𝐢𝐜𝐚! 🩷

🔔 Сега и на АКЦИЈА!

Добро ни е познато дека за здрава коса не е доволно само добар шампон - потребна e и интензивна дополнителна нега, посебно кога станува збор за оштетена коса.

Летното сонце загарантирано ја оштетува косата и доколку дополнително не ја негуваме и чуваме, влакното видливо ослабнува и се суши, резултирајќи со безживотна коса, без волумен и сјај.

Редовната употреба на ова моќно трио за коса помага да се надополни изгубената влажност, да се намали кршењето и да се подобри еластичноста на влакното. Особено ако косата често е изложена на фарбање, топлински третмани или сонце.

🩷 Кератинскиот филер од 𝐈𝐂𝐄 𝐏𝐫𝐨𝐟𝐞𝐬𝐬𝐢𝐨𝐧𝐚𝐥 𝐛𝐲 𝐍𝐚𝐭𝐮𝐫𝐚 𝐒𝐢𝐛𝐞𝐫𝐢𝐜𝐚 помага да се обнови структурата на оштетеното влакно, ја зајакнува косата и ја штити од понатамошни оштетувања.
🩷 Маската за оштетена коса содржи растителен кератин, органско сибирско масло од кедар и екстракти од рунолист и арктична роза, комбинација која ја регенерира косата, ја зајакнува кутикулата и ѝ ја враќа мекоста и сјајот.
🩷 Маслото за оштетена коса ги измазнува влакната, ги намалува испуканите врвови и ја прави косата свиленкаста без да ги натежнува влакната - за лесно стилизирање

Во моментов се достапни и по промотивна цена - одлична можност да ја збогатиш рутината за нега на косата!

https://bellina.mk/prodavnica/akcija/kozmetika/maska-za-ostetena-kosa-200ml/
https://bellina.mk/prodavnica/akcija/kozmetika/maslo-za-oshtetena-kosa-50-ml/ https://bellina.mk/prodavnica/akcija/kozmetika/keratinski-filer-za-oshtetena-kosa-100-ml/

☀️ Летните денови значат повеќе време на отворено, но и две чести грижи - сонцето и комарците.💡 Затоа е тука Белина со с...
08/08/2026

☀️ Летните денови значат повеќе време на отворено, но и две чести грижи - сонцето и комарците.

💡 Затоа е тука Белина со своето решение: Крема за заштита од комарци и инсекти со 𝐒𝐏𝐅 𝟑𝟎 (100 мл.)

Наместо да нанесуваш повеќе различни производи, практично решение е производ кој обезбедува заштита истовремено и од UV зраци и од убоди од инсекти.

Крема за сончање + заштита од комарци - создадена за да го поедностави користењето и за сигурна заштита при престој во природа, на плажа, покрај езеро или за време на патување.

Кремата е клинички тестирана за заштита и од комарци кои го пренесуваат Денга вирусот, на 5 часа.

Кремот за сончање со тројно дејство на 𝐈𝐧𝐜𝐨𝐠𝐧𝐢𝐭𝐨® гарантира дека ефикасноста на SPF и средството за заштита од инсекти, е максимална без последици врз животната средина.

➡️ Доколку се користат два производи одделно, ефикасноста кај истите најчесто се намалува и може да останеш несвесно без УВ заштита и без заштита од убоди и каснувања.

Кремата 𝐈𝐧𝐜𝐨𝐠𝐧𝐢𝐭𝐨 𝐒𝐏𝐅 𝟑𝟎 комбинира:

💛 Широкоспектарна UVA/UVB заштита (SPF 30)
🖤 Заштита од комарци со активна состојка од растително потекло - PMD (масло од лимонски еукалиптус)
💚 Хидратација на кожата

Без оглед кој производ за сончање го користиш, не заборавај дека заштитата треба да се нанесува доволно обилно и редовно да се обновува, особено по капење или интензивно потење. ☀️🦟

https://bellina.mk/prodavnica/akcija/kozmetika/krema-za-zashtita-od-komarci-i-insekti-so-spf30-100-ml/

☀️ На сонце, ветер, високи температури, на кожата најмногу ѝ е потребна нега што смирува и обновува - со вистинските кре...
04/08/2026

☀️ На сонце, ветер, високи температури, на кожата најмногу ѝ е потребна нега што смирува и обновува - со вистинските креми и лосиони.

Пантенолот е познат по своите својства да ја смири иритираната кожа, да ја поддржи нејзината природна регенерација и да помогне во задржување на влажноста на кожата. Во комбинација со кокосово масло, кожата добива дополнителна нега, мекост и чувство на удобност.

Смирувачката крема за лице со кокос и 5% пантенол е идеална за секојдневна нега на чувствителна и сува кожа посебно после сончање, додека смирувачкиот лосион за тело со истата комбинација на состојки, обезбедува интензивна хидратација и нега, по изложување на сонце.

🥥💦 Спречи го сушењето и затегнувањето на кожата со ова моќно дуо!

https://bellina.mk/prodavnica/nega-i-higiena/telo/losioni-i-mleka/smiruvacki-losion-za-telo-so-kokos-5-pantenol-150ml/ https://bellina.mk/prodavnica/akcija/kozmetika/smiruvacka-krema-za-lice-so-kokos-i-5-pantenol-50ml/

🦷 Освежи го здивот со органските средства за плакнење уста од популарната 𝐍𝐚𝐭𝐮𝐫𝐚 𝐒𝐢𝐛𝐞𝐫𝐢𝐜𝐚!Без разлика дали сакаш поинтен...
31/07/2026

🦷 Освежи го здивот со органските средства за плакнење уста од популарната 𝐍𝐚𝐭𝐮𝐫𝐚 𝐒𝐢𝐛𝐞𝐫𝐢𝐜𝐚!

Без разлика дали сакаш поинтензивно чистење, свеж здив, дополнителна грижа за непцата или заштита на забната глеѓ, овие средства за плакнење на уста се идеален додаток на секојдневната орална хигиена.

🍒 Средство за плакнење на уста со кинеска шисандра и брусница - комбинацијата од кинеска шисандра, брусница, активен калциум и цинк обезбедува антиоксидантна нега, придонесува за здрави непца, заштита на забната глеѓ и свеж здив.
🖤 Средство за плакнење на уста со бамбус и јаглен - формула со курилски бамбус, активен јаглен, активен калциум и цинк, која помага во отстранување на површинските наслаги, придонесува за почист изглед на забите и обезбедува долготрајна свежина.
🌿 Средство за плакнење на уста со седум видови сибирски билки и цинк - збогатено со седум сибирски билки, цинк и активен калциум, помага во нега и зајакнување на непцата, ја штити забната глеѓ и ја одржува усната празнина свежа.

Сите формули продираат и до тешко достапните места во усната празнина, обезбедувајќи сигурно чистење и комлетирајќи го дејството на пастата за заби.

❤️ За здрава насмевка, свеж здив и силни непца! Проверено најдобри.

https://bellina.mk/?s=%D0%A1%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE+%D0%B7%D0%B0+%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%BA%D0%BD%D0%B5%D1%9A%D0%B5&post_type=product&dgwt_wcas=1

🍏 Чувствителните непца бараат нежна, но ефикасна нега.Доколку при четкање на забите чувствуваш непријатност, крвавење ил...
28/07/2026

🍏 Чувствителните непца бараат нежна, но ефикасна нега.

Доколку при четкање на забите чувствуваш непријатност, крвавење или иритација на непцата, важно е да избереш паста за заби која ќе ја одржува оралната хигиена без да биде агресивна кон непцата.

💚 Пастата за заби со јаболко и грозје е специјално дизајнирана за чувствителни непца. Содржи екстракти од органско јаболко и органско грозје, кои придонесуваат за нега на непцата, додека нежно ги отстранува наслагите и остава долготрајно чувство на чистота и свежина, без да ја оштети забната глеѓ.

Зошто да ја избереш токму неа?

🍏 Нежна формула за чувствителни непца, без флуор
🦷 Покрај лекување на забите и непцата, погодна е и за длабинско чистење на устата
🌿 Со органски растителни екстракти
💚 За секојдневна орална нега и свеж здив

Здравата и убава насмевка започнува со здраво непце, затоа вреди да му ја пружиш негата што ја заслужува. 😊

https://bellina.mk/prodavnica/nega-i-higiena/higiena/oralna-higiena/pasta-za-zabi-za-senzitivni-nepca-so-jabolko-i-grozje-100-gr/
https://bellina.mk/prodavnica/nega-i-higiena/higiena/oralna-higiena/pasta-za-zabi-za-senzitivni-nepca-so-jabolko-i-grozje-100-gr/

💪 Силната и здрава коса започнува со правилна нега. Здрава коса значи самодоверба. 🖤Скалпот е основа на здравото влакно....
26/07/2026

💪 Силната и здрава коса започнува со правилна нега. Здрава коса значи самодоверба. 🖤

Скалпот е основа на здравото влакно. Без разлика дали те мачи првут или забележуваш опаѓање на косата, важно е да избереш шампон кој е избран според потребите на скалпот. Тогаш негата е многу поефикасна и попрецизна.

🧴 Шампон против првут за мажи - со екстракт од органската билка саган-дејл со силно антиоксидативно дејство, бела комунига и корен од марал, што се совршена комбинација за борба против првут и намалување на чешањето. Органските екстракти придонесуваат и за чувство на удобност и свежина на скалпот.

💪 Шампонот против опаѓање на коса за мажи е збогатен со екстракт од кора на даб, екстракт од див костен и цветна вода од липа, како и со моќните природни екстракти - органски саган-дејл, кофеин и ниацинамид. Го стимулира растот и промовира здрава, густа и негувана коса. Специјално формулиран за да ги зацврсти корените и да го намали опаѓањето на косата.

Користи ги редовно за најдобри резултати.

https://bellina.mk/prodavnica/nega-i-higiena/mazhi/kosa-mazhi/shampon-za-mazhi-protiv-prvut-250-ml/
https://bellina.mk/prodavnica/nega-i-higiena/mazhi/kosa-mazhi/shampon-za-protiv-opaganje-na-kosa-za-mazhi-250-ml/

Ако редовно користиш фен, преса или фигаро, термалната заштита треба да е задолжителен чекор во твојата рутина. За мека,...
24/07/2026

Ако редовно користиш фен, преса или фигаро, термалната заштита треба да е задолжителен чекор во твојата рутина. За мека, мазна и здрава коса.

Високите температури можат да ја направат косата сува, кршлива и да го изгуби својот природен сјај. Затоа, важно е да користиш производ кој ќе помогне да ја заштитиш пред стилизирање.

🧡 Спрејот за термална заштита и волумен на коса со 3 x волчји трн комплекс (Органски хидролат, масло и екстракт од волчји трн) е одличен и проверен избор за топлинска заштита.

Клучна состојка е и колагенот, за волумен, еластичност и подобрена структура на косата.

1. Ја ревитализира косата од корен до врв.
2. Длабински ја хидрира, дава природен сјај и ги намалува расцветаните врвови.
3. Ја штити од оштетување и го стимулира растот, зајакнувајќи ги корените.

Овој спреј не ја натежнува косата и е погоден за употреба пред секое сушење или стилизирање со топлина.

💛 Заштитена коса денес, значи поздрава и поубава коса на долг рок.

https://bellina.mk/prodavnica/nega-i-higiena/kosa/sprejovi/sprej-za-termalna-zashtita-na-kosa-so-volchji-trn/

Новитети во Белина! 😊🍒 Мазната и здрава кожа не започнува со лосион, туку со добар пилинг. Редовниот пилинг е еден од на...
22/07/2026

Новитети во Белина! 😊

🍒 Мазната и здрава кожа не започнува со лосион, туку со добар пилинг.

Редовниот пилинг е еден од најважните чекори во негата на телото. Ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата, редовната ексфолијација ја подобрува текстурата на кожата, ја прави мазна и мека и ја подготвува подобро да ги впие хранливите состојки од лосионите и кремите.

Во Белина сега имаме три нови пилинзи за тело! 😊

🤎 Измазнувачки пилинг за тело од црна цреша и бадем - 250 мл. Комбинира масло од црна цреша, кое помага да ја омекне и измазни кожата, со масло од сладок бадем и млечни протеини, кои придонесуваат за хидратација и нега.
💗 Осветлувачки пилинг за тело од розов грејпфрут и роза - 250 мл. Нежно ја ексфолира кожата, придонесува за посвеж и порамномерен изглед и остава чувство на мекост и свежина.
🍓 Затегнувачки пилинг за тело од јагода и шеќер - 250 мл. Ја измазнува кожата, помага таа да изгледа поцврсто и поеластично, додека нејзиниот овошен мирис го претвора секое туширање во вистинско уживање.

Нежните ексфолирачки честички ја чистат кожата, оставајќи ја свиленкасто мека и со неодолив сладок мирис.

💡 За најдобри резултати, користете го 2–3 пати неделно на влажна кожа со нежни кружни движења. Потоа нанесете хидратантен производ за тело.

🍒 Затоа што кожата која е добро негувана не само што изгледа прекрасно, така и се чувствува. ❤️

https://bellina.mk/prodavnica/nega-i-higiena/telo/pilinzi-telo/izmaznuvachki-piling-za-telo-od-crna-cresha-i-badem/
https://bellina.mk/prodavnica/nega-i-higiena/telo/pilinzi-telo/osvetluvachki-piling-za-telo-od-rozev-grejpfrut-i-roza/
https://bellina.mk/prodavnica/nega-i-higiena/telo/pilinzi-telo/zategnuvachki-piling-za-telo-od-jagoda/

🧼 Чист дом без штетни хемикалии. Доколку изборот на средства за чистење на домот е збунувачко голем, почни од овде: Едно...
20/07/2026

🧼 Чист дом без штетни хемикалии. Доколку изборот на средства за чистење на домот е збунувачко голем, почни од овде:

Едноставни за користење и 100% ефикасни средства за чистење од Белина.

Секој дел од домот има различни потреби, затоа и вистинскиот избор на средство за чистење значи многу за резултатите.

🛁 Спрејот за санитарии со лимон и јаболков оцет помага ефикасно да се отстранат наслагите од сапун и бигор, оставајќи ги површините чисти и свежи.
🚽 Спрејот за чистење тоалет со рабарбара и киселец е наменет за темелно чистење на тоалетната школка, помага во отстранување на нечистотиите и остава пријатна свежина. Специјално дизајниран за чистење на тешко достапни места. Ги отстранува бигорот и ‘рѓата.
🪟 Спрејот за стакла и огледала со бел чај ги отстранува отпечатоцитe, прашината и секојдневните нечистотии, оставајќи кристално чисти површини без траги.

💚 Формулите на 𝐎𝐫𝐠𝐚𝐧𝐢𝐜 𝐏𝐞𝐨𝐩𝐥𝐞 се создадени со внимателно одбрани органски состојки за ефикасно чистење, без да го контаминираат домот со хемикалии кои со долготрајна употреба може да влијаат штетно на здравјето.

🏡 Чистиот дом не е само убав - чистиот и свеж дом е удобен и е одраз на грижата за целото семејство. 🤍💛💚

https://bellina.mk/prodavnica/domakjinstvo/sredstva-za-chistenje/toilet-cleaning-sprej-za-cistenje-na-toaleti-od-rabarbara-i-kiselec/
https://bellina.mk/prodavnica/domakjinstvo/sredstva-za-chistenje/glass-and-mirror-sprej-za-cistenje-na-stakla-od-bel-caj/
https://bellina.mk/prodavnica/domakjinstvo/sredstva-za-chistenje/tub-and-tile-sprej-za-cistenje-na-sanitarija-od-limon-i-jabolkov-ocet/

Address

Улица Народен Фронт бр. 3/3, лок. 2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 19:00
Tuesday 10:00 - 19:00
Wednesday 11:00 - 19:00
Thursday 11:00 - 19:00
Friday 11:00 - 19:00
Saturday 11:00 - 15:00

Telephone

+38978885333

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bellina posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Bellina:

Shortcuts

Share