17/04/2026
Драги мои,
Со огромно задоволство ве поканувам на мојот голем солистички концерт, на 3 октомври, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, од 20:00 часот.
Картите се веќе во продажба преку Way In: https://shorturl.at/Ff0X4
Во меѓувреме, во текот на мај го издавам и мојот нов албум „Кукла жива“. Ќе слушнете 11 нови песни кои ги напишавме заедно со Коста Петров,
во аранжман на Емин Џијан, а снимени во The Basement Recording Studio.
Очекувајте музика полна со емоции и искрени стихови кои сум ги живеела во еден период од мојот живот и кариера.
Со месеци чекав да дојде денот да го споделам сето ова со вас… знаете колку сум нестрплива 😊
Новиот почеток не е од нула. Туку од тоа што сум денес... Свесна, среќна и подготвена за новата ера, во која заедно ќе имаме уште многу убави моменти.
Ве сакам и ви благодарам за сета поддршка 🤍
Секогаш ваша,
Тамара