15/03/2017
„ФАКТОПЕДИЈА“
Оваа книга претставува епохално издание во светски размери, а во Хрватска го доживеа деветтото издание. Подготвена е според англиското издание на издавачката куќа DORLING KINDERSLEY. Тоа е најголемата издавачка куќа во светот. ФАКТОПЕДИЈА е подготвена сообразно со училишните учебници. Овој проект содржи единаесет целосно обработени целини. Книгата не е составена по азбучен ред, туку по целини. Првпат во историјата содржините се обработуваат како целини кои се учат токму во основното и средното образование и во текот на целиот живот. Целосно обработени се следниве целини: АТМОСФЕРА, ЗЕМЈА, ЖИВИОТ СВЕТ, ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО, ВЕРУВАЊА И ОБИЧАИ, УМЕТНОСТ И МЕДИУМИ, СПОРТ, НАУКА, ТРАНСПОРТ, КОМУНИКАЦИИ, ИНДУСТРИЈА, ЗЕМЈИТЕ ВО СВЕТОТ И ИСТОРИЈА.
Оваа книга содржи: 50.000 факти, 15.000 илустрации, регистар на 10.000 поими.
Секоја тема, на една или две страници, во оваа книга е тематски заокружена целина, составена така за да може да понуди прегледно и разбирливо што повеќе податоци за темата што се обработува. Информациите на секоја страница се распоредени по јасен и логичен редослед, од основните и најважните до разни занимливости, споредби, рекорди итн.