Кафе Книжарница АРТ

Call Directions

Кафе Книжарница АРТ Голем избор на книги од сите издавачки куќи, фотокопирање,укоричување и кафе за носење

✨ Елеганција за секој момент ✨ Anekke Auralis комбинира дизајн, удобност и индивиуалност во едно уникатно парче. Нејзини...
14/10/2026

✨ Елеганција за секој момент ✨
Anekke Auralis комбинира дизајн, удобност и индивиуалност во едно уникатно парче. Нејзините неутрални тонови и ексклузивни детали ја прават совршен додаток за секоја пригода.
Направете го секој изглед една посебна приказна со Anekke❤

Постојат детали што зборуваат тивко... а сепак раскажуваат големи приказни 📖 Anekke Sophia е посветена на сите жени кои ...
13/10/2026

Постојат детали што зборуваат тивко... а сепак раскажуваат големи приказни 📖
Anekke Sophia е посветена на сите жени кои гледаат кон небото, а исто така и во себе. Бидејќи инспирацијата што ја барате… веќе живее во вас ✨

Anekke Studio - креативен универзум претворен во чанта!А позади секое парче, секогаш има приказна што чека да биде раска...
13/10/2026

Anekke Studio - креативен универзум претворен во чанта!
А позади секое парче, секогаш има приказна што чека да биде раскажана ❤ Заљубете се во секој детаљ и дозволете си да бидете инспирирани од магијата на Anekke ✨

КОФЕИНСКА ИНСПИРАЦИЈА„Бидете љубезни цел ден кон сите околу вас и ќе откриете дека веќе сте во рајот.“ – Џек Керуак
10/10/2026

КОФЕИНСКА ИНСПИРАЦИЈА
„Бидете љубезни цел ден кон сите околу вас и ќе откриете дека веќе сте во рајот.“ – Џек Керуак

COFFEE TO GO!Повелете во Кафе книжарница АРТ!
10/10/2026

COFFEE TO GO!
Повелете во Кафе книжарница АРТ!

ВЕРИТИ од Колин ХуверЛовен е авторка на раб на финансиска катастрофа кога прифаќа една од оние понуди што доаѓаат еднаш ...
10/10/2026

ВЕРИТИ од Колин Хувер

Ловен е авторка на раб на финансиска катастрофа кога прифаќа една од оние понуди што доаѓаат еднаш во животот. Џереми Крафорд, сопруг на легендарната авторка Верити Крафорд, ја ангажира Ловен да ги доврши останатите книги во успешен серијал кој неговата сериозно повредена сопруга не може да го заврши.

Ловен пристигнува во нивниот дом каде што треба да ги разгледа и истражи сите забелешки и осмислени концепти во канцеларијата на Верити, надевајќи се дека ќе најде доволно материјали за да почне со пишување. Но она што Ловен не го очекува е пронаоѓањето на недовршена автобиографија во хаотичната канцеларија, што Верити немала намера никој да ја прочита. Таа автобиографија е полна со грозоморни признанија, а едно од тие признанија е и приказната што навистина се случило дента кога умрела ќерка ѝ.

Ловен одлучува да не му ја покаже автобиографијата на Џереми затоа што знае дека сето она што го пишува внатре ќе го уништи веќе ужалениот татко. Но кога нејзините чувства за Џереми почнуваат да се засилуваат, таа сфаќа дека може да ѝ оди во прилог ако тој ги прочита зборовите на жена му. На крајот на краиштата, без разлика колку е посветен на повредената сопруга, ниеден маж не би можел да продолжи да сака жена по една толку ужасна вистина.

Книгата ве чека во Кафе книжарница АРТ!

ДРАГА ДЕБИ од Фрида МекфаденНекои луѓе едноставно сами си го бараат.Деби Мулен во својата колумна „Драга Деби“ со години...
10/10/2026

ДРАГА ДЕБИ од Фрида Мекфаден
Некои луѓе едноставно сами си го бараат.

Деби Мулен во својата колумна „Драга Деби“ со години ги советува сопругите од Нова Англија кои од неа бараат сочувство и решение за нивните секојдневни проблеми. Преку својата работа таа има контакт со безброј жени чии мажи ги игнорираат, запоставуваат, па дури и малтретираат и секогаш се обидува да им помогне.

Но во последно време, животот ѝ излегува од контрола. Ја губи работата во весникот, нешто невообичаено се случува со нејзините керки тинејџерки, а сопругот постојано ѝ крие тајни. На Деби ѝ доаѓа преку глава. Повеќе не сака да биде разумна и практична – време е да си го послуша сопствениот совет.

Време е да им се одмазди на сите луѓе во нејзиниот живот што го заслужуваат тоа.

Книгата ве чека во Кафе книжарница АРТ!

Едукативна сложувалка 4 ГОДИШНИ ВРЕМИЊАОваа едукативна друштвена игра е наменета за најмладите и нуди забавен начин за з...
09/10/2026

Едукативна сложувалка 4 ГОДИШНИ ВРЕМИЊА
Оваа едукативна друштвена игра е наменета за најмладите и нуди забавен начин за запознавање со четирите годишни времиња.
Преку играта се развиваат моториката,вниманието и логичкото размислување,додека истовремено учат за промените во природата во текот на годината.
Играта ве чека во кафе книжарница Арт!

ОДИМЕ НА ШОПИНГСега можете да купувате кога и да посакате!Која намирница ви е омилена?Секој играч избира списоко намирни...
09/10/2026

ОДИМЕ НА ШОПИНГ
Сега можете да купувате кога и да посакате!
Која намирница ви е омилена?
Секој играч избира списоко намирници и корпа и количка .Победник е играчот кој прв ќе собере најмногу намирници од својот список.
Играта ве чека во кафе книжарница Арт!

Едукативна игра КОМБИНИРАЈ И СОСТАВИ ГИ ЛИЧНОСТИТЕОваа единствена игра им овозможува на на најмалите да состават различн...
09/10/2026

Едукативна игра КОМБИНИРАЈ И СОСТАВИ ГИ ЛИЧНОСТИТЕ
Оваа единствена игра им овозможува на на најмалите да состават различни личности составувајќи ги картичките.Ако картичките се измешаат случајно,настануваат сосема нови,неочекувани и урнебесно симпатични пријатели.Додека се играат ,децата развиваатфина моторика,визуелна перцепција,внимание и најважно-развиваат перцепција.Секоја комбинација е нова приказна!

Address

Кеј "Маршал Тито" 16
Stip
2000

Opening Hours

Monday 07:00 - 20:00
Tuesday 07:00 - 20:00
Wednesday 07:00 - 20:00
Thursday 07:00 - 20:00
Friday 07:00 - 20:00
Saturday 08:00 - 15:00

Telephone

032383393

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Кафе Книжарница АРТ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category