10/10/2026
✂️🛁🐶 ДРАГИ СОПСТВЕНИЦИ, НЕКОЛКУ ВАЖНИ СОВЕТИ ПРЕД ТЕРМИНОТ ЗА СРЕДУВАЊЕ НА ВАШИОТ МИЛЕНИК!❤️
За средувањето да помине што поубаво, полесно и без непотребен стрес, подготвивме неколку мали, но важни совети пред вашата посета. 🛁✂️🐾
🌳 1. ПРОШЕТАЈТЕ ГО МИЛЕНИКОТ ПРЕД ТЕРМИНОТ! Овозможете му да ги изврши своите потреби пред да пристигне кај нас. Така ќе биде поопуштен, а средувањето ќе помине полесно и попријатно. 🐾
🍖 2. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ОБИЛЕН ОБРОК НЕПОСРЕДНО ПРЕД ТЕРМИНОТ! Возбудата и стресот кај некои миленици може да предизвикаат мачнина и непријатност за време на капењето и средувањето.
📋 3. ИНФОРМИРАЈТЕ НÈ ЗА СÈ ШТО Е ВАЖНО! Доколку вашиот миленик има здравствени проблеми, алергии, стравови или специфично однесување, ве молиме информирајте нè однапред. Така ќе можеме да му посветиме соодветно внимание и да му овозможиме што попријатно искуство. ❤️
🦟 4. ЗАБЕЛЕЖАВТЕ БОЛВИ ИЛИ КРЛЕЖИ? Ве молиме информирајте нè пред терминот доколку забележите болви или крлежи кај вашиот миленик.
🚗 5. ДОАЃАТЕ ОД ПОДАЛЕКУ? Тргнете навреме и патувајте без брзање. Пред да пристигнете, направете кратка прошетка за вашиот миленик да ги изврши своите потреби. Така ќе му помогнете да се чувствува поудобно за време на средувањето. 🐾❤️
🙈 6. МАЛА НЕЗГОДА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ! Возбудата, стресот или чувствителниот стомак понекогаш можат да предизвикаат непријатни изненадувања за време на средувањето. Затоа, не ја прескокнувајте прошетката пред терминот! 🐩
😊 7. ДОЈДЕТЕ СО НАСМЕВКА! Миленичињата ја чувствуваат вашата енергија. Кога вие сте смирени и опуштени, и тие полесно се чувствуваат сигурно. Љубовта, трпението и разбирањето се многу важни за нивното добро искуство.❤️
🐾 ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ДОВЕРБАТА, РАЗБИРАЊЕТО И СОРАБОТКАТА! ❤️
✂️🛁 Заедно се грижиме за вашите крзнени другарчиња! 🐶🐩❤️
🍀ПЕТ ✂️ ШОП ТОБИ🍀
☎️070 383 225