30/07/2021
🌻TianDe ...Caj od bel Oman🌻
🌼🌼🌼🌼🌼🌼🌼🌼🌼🌼
”Сите болсти почнуваат во цревата” оваа теза ја застапувал Хипократ уште пред 2.500 години, а современата медицина денес несомнено го поддржува ова тврдење. Добар систем за варње на храната навистина е основниот клуч кон беспрекорно здравје...
Опис: Биолошки активните супстанции содржани во чајот ja нормализираат работата на системот за варење, ефикасно ги отстрануваат токсините од телото, помагаат во координирањето на работата на сите органи на варење.
Состав:
*Корен од оман
*Листови од нане
*листови од сена
*корени и ризоми од Тасев биле
*плодови на коријандер
*ленено семе
*камилица
*плодови на шипинка
При составувањето на формулите на билните чаеви, експертите на компанијата TianDe ги земаат во предвид сите основни барања на источната билна медицина.
1. Билните чаеви се насочени кон оптимизирање на работата на еден орган или систем и во исто време да ја хармонизираат работата со другите органи и системи.
2. Комплексот од билки е внимателно одбран така што секое растение што е употребено игра своја улога за постигнување на заеднички лековит ефект.
3. Во билните чаеви TianDe учествуваат четири групи од билки:
- билка која игра клучна улога во комплексот. Таа работи директно со патологијата;
- билки кои ги елиминираат или минимизираат несаканите ефекти од дејството на главната билка.
- билки кои се користат за подобрување на вкусот на смесата и го хармонизираат дејството на другите билки.
Во името на секој билен чај, компанија TianDe посочува која билка ја игра главната улога.
Во овој чај главен е коренот од Оман:
● Корен од бел Оман. Од античките времиња белиот Оман се користи како лековито растение. Во древна Русија за него има легенда која кажува дека ова растение поседува необични својства и се користи против девет тешки заболувања. И денес тоа е многу популарно во хербални медицина и лекува многу повеќе од девет болести. Под влијание на белиот Оман се нормализираат моторната и секреторната функции на различни делови од дигестивниот тракт. Ги намалува воспалените процеси во желудникот, го намалува лачењето на дигестивните ензими и киселоста на желудочната содржина. Исто така онаму каде е потребно го зголемува производството на слузните материи од стомачните жлезди, ја засилува жолчната секреција и го олеснува протокот на храната низ цревата.
● Александриска сена – благо лаксативно средство. Ги чисти цревата 68 часа по земањето на препаратот. За разлика од другите лаксативи, Александриската сена во терапевтски дози не предизвикува болка во стомакот. Таа се препорачува кај заболувања кај кои е пожелно благо ослободување на цревата. На пример: при ранички во аналната област, хемороиди и по операцијата на ректумот.
● Ленено семе. Целулозата, со која е богато ленено семе ја стимулира активноста на цревата, им помага на луѓето со хроничен запек.
● Нане - се користи од дамнешни времиња, од различни народи за медицински цели. Ова растение е драгоцено исто со неверојатен вкус. Тоа го стимулира дигестивниот тракт, ги отстранува киселините и гасовите, ублажува гадење, чувство на тежина и помага при дијареа.
● Коријандер - плодовите од коријандер го стимулираат апетитот, го подобруваат варењето, помагаат против хемориди, го поткрепуват црниот дроб, жолчното кесе и елиминираат подуеност. Се користи при гастритис, чир на желудникот и дуоденумот.
● Камилица - има антиинфламаторно дејство, помага при колитис и воспаление предизвикано од хроничен запек.
● Шипка - има благо лаксативно дејство врз организмот, ја смирува болката во желудникот, ја подобрува неговата моторна функција. Шипка има антиинфламаторно и регенеративно дејство. Таа ја зголемува отпорноста на организмот кон инфективни заболувања.
Дејство на фиточајот од бел оман:
- ја нормализира работата на системот за варење,
- го спречува создавањето на фекални камења и развојот на хемороиди;
- обезбедува непречено и навремено отстранување на згурата и токсините од организмот;
- ја нормализира цревната микробиолошка флора;
- дејствува смирувачки;
- помага варењето, го подобрува природниот метаболизам;
- ублажува грчеви и болки во стомакот;
- го нормализира метаболизмот;
- помага при комплексно лекување на дисбиоза;
- тонизира, ја зголемува работоспособноста.
Начин на употреба: 1 филтер вреќичка се залева со 1 чаша врела вода (200 ml) и треба да отстои 10-15 минути. Се пие за време на оброк.
Контраиндикации: Индивидуална неподносливост на состојките, бременост и доење, склоност кон дијареа.info vo inbox